НАГРАДА НА НОВИНАРИТЕ (ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА)

Во 2021 година, Друштвото на Југоисточна Европа, за првпат ја додели наградата за солидарност на медиумските професионалци од регионот.

Наградата СОГ за солидарност, им оддава признание на храбрите новинари/ки од нашите партнерски земји, кои честопати се изложуваат на високи лични ризици, за критичкото известување и за нивната извонредна работа, при што се препознава нивниот придонес за поголема демократија, поголемо владеење на правото и поголема слобода на печатот. Намерата е, преку вниманието поврзано со доделувањето на наградата, да се придонесе за поголема симболична заштита на новинарите и новинарките на лице место и преку долгот што ќе го остави, да се препознае големото достигнување на добитниците/чките на наградата. Друштвото на Југоисточна Европа сака уште еднаш да покаже дека стои на страната на оние што се залагаат за нашите европски вредности, како што се слободата на печатот и слободата на изразување.

Наградата се доделува секоја година на посебно осмислен настан во Берлин и е целосно финансирана од донации. Новата награда за солидарност ја надополнува претходната новинарска награда за одлично известување од регионот на германски јазик.

Предлози за можни добитници на наградите, може да поднесете до канцеларијата на СОГ до 31 март секоја година, користејќи ги поврзаните обрасци.

Срдечно ги повикуваме сите, со своја донација и/или предлог за можен добитник/чка, да придонесат кон новата новинарска награда.

 

Ве молиме, донациите за наградата со назнака „Специјална новинарска награда за донации“, да ги префрлите на сметката на Друштвото на Југоисточна Европа кај Дојче Банк Минхен.

Друштво на Југоисточна Европа
ИБАН: DE03 7007 0024 0207 1900 05
БИК: DEUTDEDBMUC